Достапни линкови

Иран го потврди апсењето на тројца Американци


Иран го потврди апсењето на тројцата Американци во близина на ирачката граница. Иранските медиуми објавија дека Американците биле уапсени поради нелегално преминување на границата.
Тројцата Американци, двајца мажи и жена, се приведени во петокот. Се верува дека тие планинареле во близина на ирачко-иранската граница и случајно залутале на иранска територија.
Државната иранска телевизија Хабар ТВ се семнева дека уапсените се туристи, повикувајќи се на извештаи од западните медиуми кои ги идентификуваа Американците како новинари.
Државниот секретар на САД Хилари Клинтон го повика Иран да обезбеди безбедно враќање на Американците.
XS
SM
MD
LG