Достапни линкови

Македонските кошаркари поразени во Словенија


Со пораз од Словенија македонските кошаркари ги почнаа контролните натпревари за претстојното Европско првенство во Полска. Синоќа во Крањска Гора домаќинот славеше со 77 : 68. Словенците водеа во текот на целиот натпревар бидејќи го добија првото полувреме, додека Македонија беше поуспешна во вториот дел. Нашата репрезентација имаше само еден офанзивен скок од вкупно 20.
XS
SM
MD
LG