Достапни линкови

logo-print

Три новопотврдени случаи на свински грип


Најновите анализи од Институтот за јавно здравје потврдија присуство на новиот тип на грип А/Х1Н1, попознат како свински грип кај уште тројца веќе хоспитализирани пациенти, соопшти Министерството за здравство. Двајца од пациентите се вратиле од патување во Црна Гора, а еден претходно престојувал во Бугарија. За други шест пациенти се добиени негативни резултати и тие се пуштени дома. На Клиниката за инфективни болести во Скопје, за време на празничните денови, повеќе лица биле амбулантски прегледани, а хоспитализирани се пет нови случаи, со симптоми сомнителни за свински грип. Сите новопримени пациенти претходно престојувале во странство.
XS
SM
MD
LG