Достапни линкови

Руската армија почнува воени вежби во Јужна Осетија


Руската армија денеска почна воени вежби во Јужна Осетија. Во последниве неколку денови, во пресрет на годишнината од руската воена интервенција, расте напнатоста меѓу Русија и Грузија. Јужноосетискиот лидер Едуар Кокоити вели дека ова е превентивен чекор и дека „ќе биде направено се, за да се гарантира безбедноста и ситуацијата да се држи под контрола.“ Русија и Грузија во последниве неколку дена си разменуваат обвинувања за провокации.
XS
SM
MD
LG