Достапни линкови

Потврдени нови тројца заболени од новиот грип


Тројца веќе хоспитализирани пациенти, се заболени од новиот грип тип А, покажуваат најновите анализи од Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство.
Двајца од пациентите се вратиле од патување во Црна Гора, а еден претходно престојувал во Бугарија.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани пет нови случаи, со симптоми сомнителни за грипот. Сите новопримени пациенти претходно престојувале во странство.
Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 10 болни.
Досега на Клиниката, болнички се лекувани повеќе од 100 пациенти, од кои кај 27 е потврдено присуство на новиот тип на грип.
XS
SM
MD
LG