Достапни линкови

Ирачкате полиција уапсила 36 ирански бегалци


Ирачките власти соопштија дека полицијата уапсила 36 ирански бегалци, кои се обвинети дека ги предизвикале судирите со ирачките сили во нивниот камп, минатата недела.
Ирачките власти потврдија дека седуммина биле убиени, а имало и многу ранети, кога силите за безбедност ја презедоа контролата врз кампот Ашраф во провинцијата Дијала.
Кампот, две децении е седиште на Народните муџахедини на Иран – дисидентска група на која Садам Хусеин и даде прибежиште, за време на иранско-ирачката војна од 1980-1988 година. Гувернерот на провинцијата Дијала Абдул Насир Ал-Мехдави потврди дека се уапсени 36-мина, но рече дека тие нема да бидат вратени во Иран.
XS
SM
MD
LG