Достапни линкови

logo-print

Собранието на одмор, законите „на чекање“


Собрание на РМ

Собрание на РМ

Законите со европски предзнак кои што треба да бидат донесени до 15-ти септември, потребни за позитивен извештај од ЕУ, се на ,,чекање“. Ќе успeaт ли пратениците да ги донесат по летниот одмор?

Од како во ,,5 до 12“ пратениците се замислија над европската агенда, тие отидоа на одмор. Претседателот на Собранието ја увери јавност дека законите со европски предзнак има време да бидат донесени во дадениот рок, 15 септеври, за да бидат калкулирани на контото за напредокот на земјава во извештајот на ЕУ. Сепак сеуште не е се толку исходно околу крајниот исход, коментира пратеникот Андреј
Жерновски од ЛДП:

„Не, не мислам дека работите глатко ќе поминат, зборувам за условувањата прво на Нова Демократија, па ДПА, па после и ДУИ, кои што како што гледаме се оркестрирани. Понатаму уште некои работи треба да се договорат, опозицијата рече дека е спремна да го гласа законот за собрание, но со една соработка да имаме промени во оној дел што е наведен како проблематиен.“

Постиганатата согласнот околу законот за Собранието влезе во неизвесност откако владеачката ДУИ застана зад амандманите на Нова
Не, не мислам дека работите глатко ќе поминат, зборувам за условувањата прво на Нова Демократија, па ДПА, па после и ДУИ, кои што како што гледаме се оркестрирани
Демократија за допрецизирање на употребата на албанскиот јазик со законот за Собранието. Тахир Хани од ДУИ сепак уверува дека до седницата закажаната за 17 август, ќе бидат решени сите недоразбирања меѓу сите политички партии:

,,Убеден сум дека до тогаш ќе се решат сите недоразбирања или приговори што ги имаат другите партии и убеден сум дека на 17-ти август ние ќе гласаме за законот за Собрание„.

Пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова вели дека донесувањето на законските решенија на брзина се правни на сметка на нивниот квалитет:


„Мислам дека во првиот момент Европската Комисија можеби ќе не оцени позитивно затоа што сме ги донеле законите, но кога ќе ја видат содржината на законите, особено имплементацијата, мислам дека тука ќе има запре.“

Вели Иванова.
XS
SM
MD
LG