Достапни линкови

Кризата не влијае врз летните одмори


Охрид
Охрид

Граѓаните велат дека економската криза ги загрижува, но дека сепак не ги спречува некаде да отпатуваат на летен одмор. Според туриситичките агенции, граѓаните сепак штедат со намалување на бројот на денови за одмор и изнајмување на помалку луксузни апартмани.

Летниот период по традиција е резервиран за годишниот одмор. Десетина дена луѓето ќе го напуштат своето работното место и дом за да се одморат некаде на некоја плажа покрај езеро или море, дома или пак во странство. Но, колку светската економската криза, која зeма замав и во нашата земја ќе ги спречи тие оваа година да отпатуваат некaде за да заштедат некој денар за месеците кои доаѓаат? Граѓаните велат дека кризата ги загрижува, но дека нема да се откажат од летниот одмор, само сега за разлика од лани планираат
Сега заради кризата одбравме поевтина дестинација
помалку пари да потрошат.

„Сега заради кризата одбравме поевтина дестинација.“

„Па јас и оваа година ќе одам на одмор, без разлика на економската криза.“

„Да, ќе одам на годишен одмор само што за разлика од лани планирам да потрошам помаку пари.“

Од туристичката агенција Игуана турс велат дека се чуствува страв кај луѓето од кризата. Но и покрај тоа тие сепак се одлучуваат да отидат некаде на летување, но оваа година во однос на изминатите граѓаните бараат поевтини аранжмани вели Александар Чоневски од агенцијата.

„Во бројката на луѓе кои што патуваат, кои што ја напуштаат Македонија нема никаква промена, има промена во оној дел дека не користат полуксузни апартмани, туку се задоволуваат со поскоромна категорија, или пак не користат хотел со пет ѕвездички, туку со
Во бројката на луѓе кои што патуваат, кои што ја напуштаат Македонија нема промена, има промена во оној дел дека не користат полуксузни апартмани
четири, и исто така можеби го намалуваат бројот на денови на летување.“

И од туристичката агенција Савана го потврдуваат истото.Заинтересираност има но клиентите сега гледаат да ги искористат сите поволности, кои ги нуди нашата агенција вели Ана Крстевска.

„Оваа година клиентите, посебно кога станува збор за семејство се обидуваат да искористат промоции, акции, специјални попусти, резервиваат порано за да ја амортизираат сумата.“

Поради светската економска криза се очекува бројот на туристи во земјава оваа година да се намали за десет проценти. Со намален број на посетители се соочуваат и соседните земји, но и другите европски дестинации, како што се Шпанија и Италија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG