Достапни линкови

Билд на местото на Солана во ЕУ?


Карл Билд
Карл Билд

,,Карл Билд, во добра позиција да го наследи Хавиер Солана.,, Под овој наслов шведскиот весник Дагенс Нихетер објавува коментар во врска со очекуваната промена во оваа престижна функција во Европската комисија.

Министрите за надворешни работи на Европската унија во минатиот понеделник за прв пат се состанаа со Карл Билд како претседавач на министерскиот совет за да дискутираат околу плановите на шведското претседателство со Унијата во наредните шест месеци. Но, главното прашање што секој од нив си го поставуваше беше: Кој од нас е оној избраниот? пишува шведскиот весник во коментарот во кој се додава дека по нивниот последен состанок пред еден месец, местото еврокомесар за надворешна политика остана празно. Имено, Хавиер Солана во интервју за шпанскиот весник А Бе Це изјави дека нема да се кандидира за негов реизбор кога наесен ќе му истече
Проширувањето, кое беше врвно шведско прашање во Европската унија, веднаш по преземањето на претседателството со Унија го спушти пониско, од петтото на шесттото ниво ...
мандатот. Тој беше на таа функција од нејзиното воспоставување пред десет години и повеќето очекуваа да остане таму, особено кога таа ќе биде зацврстена со Лисабонскиот договор, веројатно кон крајот на годинава. Кој и да ја добие работата како прв шеф на европската дипломатија, тој ќе раководи со сите средби на министрите за надворешни работи во наредните години. Овен тоа тој го добива и престижното место заменик претседавач на Европската комисија. Но, 67 годишниот Солана не го сака. Карл Билд е во добра стартна позиција да биде прв министер за надворешни работи на Европската унија. Особено што неодамна веникот Економист го опиша како џин во Европа населена со дипломатски џуџиња. Како и да е, многумина веруваат дека Билд е премногу контроверзен. Сепак, најважно е како тој ќе ја извшува својата работа како претседавач на министерскиот совет во наредниве неколку месеци. Затоа е чудно што шведската влада, како што изгледа, нема големи амбиции во сферата на надворешната политика. Проширувањето, кое беше врвно шведско прашање во Европската унија, веднаш по преземањето на претседателството со Унија го спушти пониско, од петтото на шесттото ниво. Згора на тоа Билд вели дека граничниот спор со Словенија, која ги одлага преговорите на Хрватска за членство во Унијата е прашање што мора да си го решат двете земји. Можно е Билд да сака да се фокусира врз таканаречената тивка дипломатија. Но, можеби и ќе му треба некаков успех што ќе предизвика сензација во европските медиуми пред неговиот натпревар со ривалите околу масата како французинот Бернар Кушнер или германецот Франк Валтер Штајнмаер, заклучува шведскиот весник Дагенс Нихетер во коментарот за можниот наследник на еврокомесарот Хавиер Солана.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG