Достапни линкови

Пронајдени се две непознати дела на Моцарт


Пронајдени се две нови, до сега, непознати дела за пијано на Моцарт, соопштија истражувачите. Меѓународната Моцартеум фондација соопшти дека делата се дел од Музичката книга на Нанерл, добро познат ракопис што ги содржи раните композиции на австрискиот композитор.
Моцарт кој е роден во 1756 година, почнал да свири пијано на три, а да компонира на пет години. До неговата смрт во 1791 година компонирал повеќе од 600 дела.
Истражувачите велат дека Моцарт, веројатно, ги напишал овие две дела на седум или осумгодишна возраст.

XS
SM
MD
LG