Достапни линкови

logo-print

Израелската полиција препорача обвинение за ултранационалистот Либерман


Израелската полиција препорачува подигнување на обвинение против ултранационалистичкиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман, соопштуваат полициски извори. Либерман се сомничи за перење пари, мито и за спречување во работата на правосудните органи.
Препораката, во наредните денови, ќе му биде предадена на главниот државен обвинител Манахем Мазуз, кој треба да одлучи дали ќе биде покренато обвинение.
Либерман е лидер на втората најголема партија во владината коалиција и трета по големина во парламентот.
Тој ги негира сите обвинувања и тврди дека полициската истрага е политички мотивирана.
Ако биде обвинет, Либерман ќе мора да ја напушти функцијата – шеф на дипломатијата.
Истрагата против него се води неколку години, а одделот за измами неколку пати го сослушуваше поради сомнеж за корупција, измама, перење пари, злоупотреба на функцијата и спречување на истрагата.
XS
SM
MD
LG