Достапни линкови

Рускиот патријарх Кирил ги повика Русија и Украина да спречат избивање судир


Рускиот патријарх Кирил, денеска, ги повика Русија и Украина да спречат избивање вооружен судир. Во Севастопољ на Крим, пред морнарите на украинската и на руската флота, тој рече дека се моли „браќата никогаш да не се гледаат преку нишан и никогаш да не дигнат рака еден на друг.“
По судирот меѓу Русија и Грузија, во август 2008, европски и американски функционери изразија загриженост дека Крим може да биде нова мета за Русија.
Мнозинството жители на Крим е проруски ориентирано.
Руската флота има база во Севастопољ, во согласност со договорот меѓу Украина и Русија од 1997 година. Договорот е со важност од 20 години. Киев инсистира, во 2017 година, руските бродови да се повлечат од таму и ја повика Русија на преговори за условите за повлекување. Русија, од друга страна, смета дека е прерано за такви преговори.

XS
SM
MD
LG