Достапни линкови

Саакашвили се плаши од плановите на Москва


Претседателот на Грузија Михаел Саакашвили рече дека Грузија знае дека не може воено да ги поврати бунтовничките региони, но дека се плаши од плановите на Москва за Тбилиси.
Во интервју за агенцијата Ројтерс, една година по краткотрајната војна со Русија, Саакашвили рече дека светот не успеал да ја запре Москва во „масовното етничко чистење“ на Грузијците во Јужна Осетија. Тој вели дека меѓународната заедница се плаши да не си ги загрози енергетските и трговски интереси. Вчера, Русија предупреди дека ќе ги употреби „сите расположиви средства“ да се заштити од Грузиските „провокации“ на Кавказот, откако Јужна Осетија обвини дека Грузија гранатирала јужноосетиски цели. Грузија негира дека пукала кон Јужна Осетија.

XS
SM
MD
LG