Достапни линкови

Средба на Малиќи со курдскиот претседател Барзани


Ирачкиот премиер Нури Ал-Малиќи се сретна со курдскиот претседател Масуд Барзани, со цел да ги разрешат несогласувањата, што се закануваат дека може да прераснат во нов конфликт. Се чини дека, несогласувањата за територија и за нафта меѓу шиитската влада на Ал-Малиќи и курдската автономна северна област, се најголемата закана за стабилноста на Ирак. Не се соопштуваат детали за средбата, но се очекува расправата за провинцијата Киркук, каде што има и нафта, да биде високо на денешната агенда.
XS
SM
MD
LG