Достапни линкови

Мохсен Резаи побара истрага против безбедносните сили


Поразениот кандидат на претседателските избори во Иран Мохсен Резаи, денеска, повика да се спроведе истрага за напад врз демонстрантите, од припадниците на безбедносните сили.
Новинската агенција Мер објави дека поранешниот шеф на иранската револуционерна гарда му испратил писмо на шефот на судството ајатолахот Махмуд Хашеми Шаруди.
Во писмото, тој вели дека тие што „ги нападнаа студентските домови во Техеран, ги тепаа, апсеа и пукаа во луѓето што мирно протестираа на улиците“ треба да бидат изведени на суд.
Околу 30 луѓе загинаа во судираите со силите за безбедност, а 2000 беа уапсени на протестите откако претседателот Махмуд Ахмадинеџат беше реизбран на јунските избори кои опозицијата ги оцени како нелегални.
XS
SM
MD
LG