Достапни линкови

Туркменистан ќе го заврши гасоводот кон Иран до крајот на годинава


Туркменистан ќе ја заврши изградбата на гасоводот кон Иран до крајот на годинава, вети вицепремиерот Баимират Хоџамухамедов преку националната телевизија. Гасоводот тргнува од наоѓалиштето на гас во Довлетабат во југоисточен Туркменистан. Досега, гасот од Довлетабат и се испорачуваше само на Русија.
Минатиот месец, Туркменистан се обврза дека ќе ја зголеми испораката на гас за Иран од осум на 14 милијарди метри кубни годишно.
XS
SM
MD
LG