Достапни линкови

Бакиев се обврза на борба против корупцијата


Киргистанскиот претседател Курманбек Бакиев, на инаугурацијата за неговиот втор мандат, положи заклетва дека ќе се бори против сиромаштијата и против корупцијата. Бакиев рече дека сака да постигне стабилен раст, да ја зајакне националната безбедност и да обезбеди суштински раст на животниот стандард во Киргистан.
Бакиев е повторно избран за претседател, откако победи на минатонеделните избори. Опозицијата ги оспори изборите, а меѓународните набљудувачи од ОБСЕ ги критикуваа утврдените нерегуларности. САД оценија дека Киргистан „не ги исполнил меѓународните обврски.“

XS
SM
MD
LG