Достапни линкови

Катами: Судењето на демонстрантите е противуставно


Поранешниот ирански претседател и главен подржувач на иранското опозициско движење Мохамед Катами, денеска им се придружи на оние кои го осудија судскиот процес на кој стотина луѓе се обвинети за протестите, по завршувањето на јунските претседателски избори.
Катами оцени дека судењето е спротивно на уставот и законите и ги крши правата на граѓаните.
Тој рече дека судот се потпира на признанија добиени под сомнителни околности и дека адвокатите на обвинетите не биле информирани за содржината на обвинението пред да почне судењето.
Претходно, реформистичката партија Мошарекат оцени дека „дури и варена кокошка би се изнасмеала“ на обинението.
XS
SM
MD
LG