Достапни линкови

Македонија ги слави двата Илиндена


Македонија ги прославува двата историски Илиндена – 106 години од Илинденското востание и 65 години од Првото заседание на АСНОМ. Се прославува, паралелно, на Мечкин Камен во Крушево и во меморијалниот комплекс во Пелинце.
Државната делегација на централната прослава во Крушево ја предводи Претседателот Ѓорге Иванов, а во Пелинце ќе биде претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Тој ќе го посети и манастирот Св. Прохор Пчињски – местото каде што се одржало АСНОМ.
Премиерот Никола Груевски, пак, ќе присуствува на традиционалната 38 Светска македонска иселеничка средба во битолското село Трново.
XS
SM
MD
LG