Достапни линкови

logo-print

Шестмина мртви во верските немири во Пакистан


Шестмина христијани се убиени, а десетици други се повредени, во верските немири предизвикани од гласините за сквернавење на Коранот, во централната пакистанска провинција Пенџаб. Пакистанските власти соопштија дека четири жени, маж и дете загинале кога разгневената толпа почнала да пали куќи во христијанскиот дел на градот Гојра. Пакистанскиот министер за малцинства Шабаз Бати за агенцијата Ројтерс изјавил дека толпата била „заведена од исламски екстремисти.“ Тој рекол дека жртвите биле живи запалени.
Христијанското малцинство во Пакистан, повремено е мета на екстремистите откако земјата стана сојузник на САД во борбата против тероризмот.
XS
SM
MD
LG