Достапни линкови

Бериша и официјално победи на изборите во Албанија


Широката коалиција, предводена од демократите на актуелниот албански премиер Сали Бериша, освои 70 пратенички места во албанскиот парламент, соопшти претседателот на Централната изборна комисија, Арбен Ристани.
Според официјалните, конечни резултати од седмите парламентарни избори во Албанија, оджани на 28 јуни, коалицијата предводена од социјалситите на актуелниот градоначалник на Тирана, Еди Рама обезбеди 66 пратенички места. Партијата на поранешиот премиер Илир Мета, Движење за социјалистичка интеграција, освои четири пратенички мандати, соопшти Ристани, кој го оцени изборниот процес како „фер и слободен за сите“.
Претходно социјалистите најавија дека не ги признаваат изборните резултати, но оти ќе учествуваат во работата на парламентот, чија конститутивна седница ќе се одржи првите денови од септември. Албанскиот парламент брои 140 пратеници.
XS
SM
MD
LG