Достапни линкови

Абтахи: Изборната измама е лага која требаше да создаде нереди


Немаше изборна измама на јунските претседателски избори во Иран, рече најпознатиот ирански реформист Мохамад Али Абтахи, на судењето за постизборните протести. Тој е помошник на реформистичкиот поранешен претседател на Иран Мохамед Катами. Абтахи ја даде оваа изјава пред револуционерниот суд во Техеран, кој денеска го почна судењето на стотина антивладини демонстранти, вклучувајќи и неколкумина поранешни високи владини функционери. Абтахи пред судот рече дека „посочувањето на изборна измама е лага која имаше цел да создаде нереди за Иран да стане како Авганистан и Ирак и да претрпи штета“.
Обвинетите се соочуваат со обвиненија за поттикнување на насилство, учество во протестите и за врски со контрареволуционерни групи.
XS
SM
MD
LG