Достапни линкови

logo-print

Обама: Требаат „многу повеќе месеци“ за САД да излезе од рецесијата


Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека ќе бидат потребни „многу повеќе месеци“ за САД да излезе од рецесијата, откако новите податоци за американскиот БДП, покажуваат мал економскиот пад во вториот квартал. Обама рече дека „во последниве неколку месеци, економијата е мерливо подобра од очекуваното“. Сепак, тој оцени дека „ќе требаат многу повеќе месеци за целосно да излеземе од рецесијата – рецесија за која сега знаеме дека е подлабока отколку што некој би помислил“. Тој исто така изрази загриженост за зголемената невработеност во САД.
XS
SM
MD
LG