Достапни линкови

Коштуница бара вонредни парламентарни избори во Србија


Претседателот на Демократската партија на Србија Воислав Коштуница ја повика српската влада да распише вонредни парламентарни избори и да не ја држи целата земја како заложник на односите во владејачката коалиција.
Во изјавата што ја доставил до агенцијата Бета, Коштуница оценува дека Владата е неспособна и секој ден им нанесува штета на српската економија и на граѓаните.
Тој ја повикува српската Влада да ја прекине „агонијата во која ја турка земјата и да распише избори за Србија да добие Влада што ќе ја извлече од длабоката криза“.

XS
SM
MD
LG