Достапни линкови

logo-print

Најцрниот месец за странските трупи во Авганистан заврши со жртви


Двајца американски војници загинаа во Авганистан во штотуку завршениот најсмртоносен месец за странските сили во оваа земја. Во јули, во Авганистан загина најмалку 71 странски војник, од кои 41 Американец. Покрај тоа, четворица авганистански војници беа убиени, кога Талибанците нападнале конвој што превезувал гласачки ливчиња во западен Авганистан.
Според последниот извештај на ОН, во периодот од јануари до јули, биле убиени 1013 цивили, за разлика од истиот период лани кога загинале 818 цивили.
XS
SM
MD
LG