Достапни линкови

logo-print

САД ги бара исчезнатите Американци во близина на иранската граница


Стејт департментот соопшти дека ги испитува наводите дека тројца американски туристи биле приведени од Иранците додека се шетале во близина на иранската граница, во курдскиот регион во северен Ирак. Курдските власти велат дека Американците веројатно биле уапсени, откако без дозвола влегле на иранска територија. Курдските гранични власти посочуваат дека американски хелихоптери ја надлетувале областа, а кон курдската област се упатиле и многу американски воени возила, во потрага по исчезнатите Американци.
XS
SM
MD
LG