Достапни линкови

Хрватска и Словенија ќе го решат граничниот спор оваа година


Хрватска и Словенија очекуваат до крајот на годинава да биде најдено решение за меѓусебниот граничен спор и да бидат деблокирани пристапните преговори на Загреб со Европската Унија. Ова го изјавија премиерите на двете земји, Јадранка Косор и Борут Пахор по денешниот состанок во замокот Тракошчан во Загорје. Задоволна сум што почнавме да се договараме за работи кои се од интерес на двете земји, изјави Косор. Словенечкиот премиер Пахор, пак оцени дека постои можност уште оваа година да бидат решени меѓусебните проблеми.
XS
SM
MD
LG