Достапни линкови

logo-print

Муту треба да му плати 17 милиони евра оштета на Челзи


Судот за спортска арбитража(ЦАС) му наложи на романскиот фудбалер Адријан Муту да му плати 17,2 милиони евра компензација на неговиот поранешен клуб Челзи. Премерлигашот го отпушти романскиот репрезентативец зашто користел кокаин.
Минатиот август, Муту се жалеше на одлуката на Светската фудбалска федерација(ФИФА) пред судот во Лозана, но 30-годишниот романски фудбалер, сепак, ќе мора да му плати оштета на Челзи.
Челзи го отпушти Муту во октомври 2004, откако неговите допинг резултати покажаа дека користел кокаин и поради тоа беше суспендиран седум месеци.
Лондонскиот клуб во 2003 година и плати на Парма 17,6 милиони евра, но не доби обесштетување кога романскиот фудбалер, за време на суспензијата, премина во Јувентус како слободен играч.
Од 2006 година, Муту игра за Фиорентина.
XS
SM
MD
LG