Достапни линкови

Честитка од Обама за празникот Илинден


Претседателот на Соединетите Американски Држави Барак Обама по повод празникот Илинден, испрати честитка до претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
- Целиот американски народ ми се придружува во честитките до Вас, и до сите граѓани на Република Македонија на годишнината на Вашиот Ден на Републиката 2 август. Ви посакувам се најдобро додека го празнувате Вашиот прв национален празник како Претседател. Со задоволство очекувам да работиме на засилување на трајното партнерство меѓу Соединетите Држави и Република Македонија засновано врз заедничките вредности и натамошната посветеност на безбеден и мирен свет, стои во писмената честитка од американскиот претседател Барак Обама.
XS
SM
MD
LG