Достапни линкови

Хрватска го зголеми ДДВ и воведе данок на мобилната телефонија


Хрватскиот парламент денеска ќе го разгледа предлог законот за воведување специјален данок врз платите, пензиите и другите приходи или таканаречен кризен данок од два и четири проценти, кој е предвиден за плати или пензии над 3.000 куни (410 евра). Вчера беа донесени неколку закони за борба со рецесијата, меѓу кои и за зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 22 на 23 проценти, што треба да влезе во сила од 1 август и да се применува до крајот на 2010 година, пренесе Хина. Парламентот го донесе и законот за воведување шестпроцентен данок врз вкупниот месечен приход на мобилните оператори од СМС и ММС пораки и разговори на мобилните телефони.
XS
SM
MD
LG