Достапни линкови

САД воведоа санкции спрема севернокорејска компанија


Американската администрација на претседателот Барак Обама воведе санкции против едно претпријатие од Северна Кореја за кое постои сомневање дека е вмешано во нуклеарната програма на Пјонгјанг. Тоа значи дека ќе бидат замрзнати сите банкарски сметки и финансиски трансакции на фирмата „Кореја Хијоксин трејдинг“ во САД. Со оваа мерка САД продолжуваат да вршат притисок врз Северна Кореја да се откаже од нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG