Достапни линкови

Објавен нов „правилник“ за талибанските милитанти


Талибанските милитанти објавија нов „правилник за однесување“ во кој се пропишуваат повеќе рестрикции при извршувањето на самоубиствени бомбашки напади. Американските и авганистанските власти го опишаа документот како „пропаганда“, тврдејки дека истиот е лицемерен. Книгата до која дојде американската телевизија Си – Ен – Ен се објавува во услови на зачестени судири меѓу талибанците и вооружените сили во провинцијата Хелманд пред претседателските избори во Авганистан кои се закажани за 20 август.
XS
SM
MD
LG