Достапни линкови

Прокламација на грчката „Нулта толеранција“


Организацијата „Нулта толеранција“ ја презеде одговорноста за нападот извршен во понеделникот вечерта врз канцеларијата на пратеник од партијата Народен собир ЛАОС во Атина. Во прокламацијата на организацијата се вели дека пред канцеларијата на пратеникот Димитрис Арапоглу биле поставени три рачно изработени бомби и оти нападот бил „подарок за него по повод 35-годишнината од воспоставувањето на демократијата во Грција. Единствената цел ни е заострување на социјално-класната војна, уништување на сегашниот систем и создавање едно реално слободно општество, се вели во прокламацијата.
XS
SM
MD
LG