Достапни линкови

ЕУ бара побрзо формирање на влада во Молдавија


Европската Унија испрати апел до Молдавија да формира влада со цел да избегне евентуални немири. Владеачката комунистичка партија изгуби на повторените избори кои во земјата се одржаа во средата. Комесарот за надворешпни работи на Унијата Бенита Фереро Валднер ги повика сите политички партии во Молдавија „да се вклучат во отворен и конструктивен дијалог“. Со повеќе од 98 проценти пребројани гласови комунистите добија 48 места во парламентот, додека нивните противници освоија 53 места.
XS
SM
MD
LG