Достапни линкови

Четворица загинати во Ирак


Четворица загинале а осумнаесетмина се повредени во експлозија на бомба во близина на штаб на политичка партија во градот Бакуба, соопшти денеска ирачката полиција. Бомбата експлодирала во близина на штабот на Движењето за развој во провинцијата Дијала, североисточно од Багдад. Во оваа област има чести напади од страна на бунтовнички групи и војници на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG