Достапни линкови

logo-print

(Зло)употреба на пратеничките прашања?


Седница во Собранието на РМ

Седница во Собранието на РМ

Опозицијата не е задоволна од функционирањето на седниците посветени на пратенички прашања до премиерот и владините министри. Според опозиционите пратеници, седниците се злоупотребуваат од страна на владеачкото мнозинство.

Секој последен четврток во месецот на посебна седница пратениците го користат правото дефинирано со деловникот на Собранието да поставуваат прашања до претседателот на Владата, до министрите или до некој од носителите на јавни функции. На нивните прашања имаат право да добијат устен одговор на истата седница или писмен во рок од 20 дена. Пратениците од опозицијата кои во практиката
Го злоупотребуваат времето за пратенички прашања со долги однапред подготвени одговори на пратениците од парламентарното мнозинство
ги поставуваат најделикатните прашања, генерално велат дека не се задоволни од функционирањето на оваа институција наменета да ја оствари суштинската улога на собранието-да ја контролира Владата. Пратеничката Роза Топузовска Карова вели дека во македонски услови оваа институција дури и редовно се злоупотребува од страна на владејачкото мнозинство.

„Го злоупотребуваат времето за пратенички прашања со долги однапред подготвени одговори на пратениците од парламентарното мнозинство. И тоа не е забелешка само на оваа влада и претходно, значи се случуваше министрите да ги знаат прашањата на пратениците од мнозинството и со долги одговори се фалат. Не е целта тоа, целта е да поствиме прашања што ги засегаат граѓаните, што најчесто го прават пратениците од опозицијата и граѓаните да го чујат одговорот.“

Пратеничката Флора Кадриу од Нова Демократија нема добиено одговор на ниту едно поставено прашање, до сега поставила десетина, претежно како што вели упатени до вицепремиерот Абдулхаким Адеми, во однос на имплементацијата на Рамковниот Договор. Но, ниту оние одговори кои пристигнале до нејзините колеги од пратеничката група не соодветствуваат на реалноста.
Тие одговори се или делумни или нецелосни или пак не соодветствуваат со вистината и реалноста


„Тие одговори се или делумни или нецелосни или пак не соодветствуваат со вистината и реалноста.“

Праеничката Каровска вели дека добива одговори на своите прашања но во рокови кои се крајно надминати и кога прашањата стануваат неактулни.Освен тоа, таа смета дека институцијата пратеничко прашање станува бесмислена низ фразата ќе добиете писмен одговр секогаш кога тоа доаѓа од опозицијата. Во интерес на граѓаните, одговорите треба да секогаш кога е можно да ги добиваме во усна форма, апелира Каровска. Каровска смета дека во интерес на актуелноста на одговорите и исполнувањето на функцијата на оваа институција, за пратенички прашања треба да се посветат неколку часа секоја недела наместо цела една седница еднаш месечно. Затоа патуваме, заклучува Каровска, за да донесеме позитивни искуства од развиените демократии каде што оваа институција функционира далеку поблиску до својата намена.

XS
SM
MD
LG