Достапни линкови

Намален бројот на работници во индустријата


Според податоците на Заводот за статистика бројот на работници во индустријата во јуни годинава е намален за 6,3 отсто во споредба со истиот период лани. Поради економската криза работодавачите се одлучуваат на принуден одмор или отпуштања.

Бројот на работниците во индустријата во јуни оваа година во однос на истиот месец минатата се намалил за 6, 3 проценти, според податоците на државниот Завод за статистика. Најмногу бројот на работници е намален во секторот вадење руди и камен и тоа за 23,5 отсто. Поради светската економска криза некои од работотодавците се одлучија за принудни одмори, но некои решија да ги отпуштат
Значи останува малку за тие работници да бидат згрижени од страна на државата во рамките на Агенцијата за вработување, користејќи ги правата од законот за осигурување во случај на невработеност
работниците вели претседателот на синдикатот за индустрија Пеце Ристески. Владата што ги донесе мерките за спас не беа спроведени, па затоа овие работници ќе бидат минимално згрижени вели тој.

„Значи останува малку за тие работници да бидат згрижени од страна на државата во рамките на Агенцијата за вработување, користејќи ги правата од законот за осигурување во случај на невработеност. Значи ако земеме дека и во претпријатија каде што мораше да се отпуштаат работници инсистиравме на доброволна основа прво да заминат работниците кои што се во постари години, кои би имале утре можност да користат надоместок, примања до ново вработување или пензионирање за останатите работници значи времено ќе биде тој надоместок имајќи ги во предвид годините на работен стаж, до 12 месеци.“

Државниот секретар во Мистерството за труд и социјална работа Душко Миновски вели дека има закони со кои им се помага на оние луѓе што останале без работа.
Eвентуално значи од статусот што го имаат, дали се технолошки вишок или не, исполнуваат ли услови да примаат соодветен надоместок од Агенција за вработување или не


,,Евентуално значи од статусот што го имаат, дали се технолошки вишок или не, исполнуваат ли услови да примаат соодветен надоместок од Агенција за вработување или не. Доколку неможат да примаат, тогаш си постои закон за социјална заштита и доколку се единствените што носеле приход, ќе влезат во тој систем, значи ако има двајца невработени ќе користат социјална помош, а ако имаат некаков приход тогаш тоа е тоа, криза е, тоа е општа ситуација не само кај нас, туку насекаде.“

Од синдикатот очекуваат бројката на работници и понатака да се намалува, затоа што во фирмите сеуште има работници, кои се на принуден одмор.Според податоците на заводот за статистика и инустриското производство во јуни е намалено за околу 16 проценти во однос на истиот период минатата година. Додека пак според последните податоци на агенцијата за вработување за минатиот месец во земјава има 347 622 невработени лица.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG