Достапни линкови

logo-print

САД и Словенија за ситуацијата во Западен Балкан


Словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар и американскиот државен секретар Хилари Клинтон на синоќешните разговори во Вашингтон најмногу внимание им посветиле на ситуацијата во земјите на Западен Балкан и на нивното приближување кон евроатлантските структури. Ова се наведува во соопштението на словенечкото министерство за надворешни работи во кое се прецизира дека притоа станало збор и за спорот со Хрватска околу морската граница.
XS
SM
MD
LG