Достапни линкови

Офанзивата ги прегрупира талибанците во Пакистан?


Се уште не е јасно дали пакистанската офанзива во долината Сват успела или само го раширила талибанското бунтовничко движење во таа област. Ова го изјави специјалниот американски пратеник за Авганистан и Пакистан Ричард Холбрук по неговоата посета на двете земји. Пакистанските власти велат дека во офанзивата која почнала пред три месеци убиле над илјада и осумстотини милитанти. Според некои независни посматрачи пак, офанзивата придонесла само за нивно прегрупирање.
XS
SM
MD
LG