Достапни линкови

logo-print

Во Иран се одбележуваат 40 дена од протестите


Иранските опозициони лидери Мир Хосен Мусави и Мехди Каруби планираат да им одадат почит на загинатите во протестите против реизборот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Иранските власти претходно не дадоа дозвола за одржување церемонија во Мосала џамијата во Техеран по повод 40 дневната жалост за жртвите во протестите. Имено, на 20 јуни во Техеран загинаа десет демонстранти, меѓу нив и Неда Ага Солтан чии снимки од нејзиното загинување го обиколија светот и која стана симбол на отпорот на иранската опозиција.
XS
SM
MD
LG