Достапни линкови

Гневен пушач убил едно лице во ресторан во Турција


За сега неименувано лице убило 46 годишен маж во ресторан во Маниса, Турција. Инцидентот се случил кога шефот на ресторанот побарал од убиецот да ја изгаси цигарата што ја пушел, бидејќи во Турција од неодамна со закон е забрането пушење цигари на јавни места. Убиецот бурно реагирал на барањето на шефот на ресторанот, при што дошло до расправија меѓу нив. Напаѓачот извадил пиштол и почнал да пука, ранувајќи го шефот на ресторанот и убивајќи еден негов пријател. По инцидентот напаѓачот го напуштил ресторанот и се упатил во непознат правец. Полицијата се уште трага по него.
XS
SM
MD
LG