Достапни линкови

Поголеми права за курдите во Турција ?


Турскиот министер за внатрешни работи Бешир Аталај изјави дека Владата ќе работи на план за решавање на курдскиот конфликт, кој ќе им даде повеќе права на Курдите. Тој истакна дека Турција е подготвена да преземе чекори за демократизација и е отворена за предлози, не откривајќи детали од планот и кога ќе биде објавен. Аталај ја даде изјавата пред 25-годишнината од почетокот на конфликтот, во кој беа убиени десетици илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG