Достапни линкови

Повеќе од 40 опозиционери уапсени во Киргистан


Полицијата во Киргистан уапсила 43 лица кои учествувале на денешните протести против резултатите од минатонеделните претседателски избори. Претставници на опозициските партии во земјата тврдат дека бројот на уапсени е многу поголем. Според официјалните резултати, Курманбек Бакиев доби втор претседателски мандат минатата недела, освојувајки 76 проценти од гласовите. Опозициските партии се жалат на изборни нерегуларности.
XS
SM
MD
LG