Достапни линкови

Ирачката војска не убивала иранци ?


Ирачката влада ги демантираше тврдењата дека ирански иселеници загинеле во судири со вооружените сили. Ирачките вооружени сили вчера упаднаа во иселеничкиот камп Ашарф, северно од Багдад каде веќе дваесет години живеат приврзаници на опозициската Народна партија на Муџахидини од Иран. Портпаролот на партијата изјави дека шестмина луѓе загинале во судири со безбедносните сили. Портпарол на ирачката влада денеска изјави дека во кампот никој не бил убиен. Инаку, ирачките сили ја превземаа контролата на кампот од силите на САД кон почетокот на годинава.
XS
SM
MD
LG