Достапни линкови

logo-print

Кризата стигна и во Македонија


Зградата на Владата на Република Македонија

Зградата на Владата на Република Македонија

Владата неодамна тврдеше дека кризата ќе ја одмине Македонија. Сега, министерот за финансии Ставревски вели дека Македонија е во рецесија, но е оптимист за наредниот период. Експертите со различен став, тие сметаат дека кризата нема брзо да помине

Рецесијата нема брзо да помине во Македонија сметат експертите. Тие претпоставуваат дека ваквата состојба може да потрае и до две години. Причина за тоа е кризата во светот. Во светски рамки експертите и бизнисмените очекуваат позитивни придвижувања во економијата кон крајот на оваа или во текот на наредната година. За такви придвижувања ние ќе почекаме уште најмалку една година вели професорот Сашо Арсов.
Секогаш, врвот на кризата и дното на кризата се одбележани со осцилации нагоре – надолу, и во западните земји можете да забележите подобрување и влошување. Ние не сме ги доживеале тие осцилации, ние уште одиме надолу. Што е нормално. Кај нас кризата почна подоцна и ќе заврши подоцна.


„Секогаш, врвот на кризата и дното на кризата се одбележани со осцилации нагоре – надолу, и во западните земји можете да забележите подобрување и влошување. Ние не сме ги доживеале тие осцилации, ние уште одиме надолу. Што е нормално. Кај нас кризата почна подоцна и ќе заврши подоцна.“

Најдобрата можна варијанта е да има нулта раст во текот на наредната година, односно да се одржи на стабилно ниско ниво брутодомашниот производ.

„Ќе паѓаат приходите, неизвесноста кај бизнисите ќе биде голема, каматите ќе бидат високи, буџетскиот дефицит ќе се продлабочува, а буџетските приходи ќе бидат ниски,“

вели професорот Сашо Арсов

Бизнисмените очекуваат нов бран на опаѓање на производството од септември.

„Ќе има пад на производството од септември, ќе нема работа, можеби пад за 40-50 отсто, а за таа сметка каматите ни се зголемија за исто толку,“

вели Констадин Барзов , бизнисмен од кожарската индустрија.

Падот на индустриското производство е сериозен и очекуван..Статистистичките податоци веројатно покажуваат дека во наредното тромесечије ќе има негативна стапка на економски раст вели министер за финансии Зоран Ставрески. Ставрески е сепак оптимист дека состојбата во наредниот период ќе се подобри.

„Економските случувања во иднина, перспективите се малку посветли од тоа што го покажаа мај, јуни и јули. Има очекувања дека работите постепено ќе почнат да се подобруваат.“

Наспроти владиниот оптимизам опозицијата е загрижена.Сдсм ја потсети Владата дека ексминистерот за финансии, Славески, во своето обраќање пред неговото разрешување,ја посочи неопходноста за ребаланс на буџетот за 100 милиони евра и дека доколку нема таков ребаланс, ризикуваме во септември да ја изгубиме и онаа стабилноста што ја имаме.Експертите и бизнисмените најавуваат дека есенва многу ќе се влошат состојбите. Бараат веднаш да се направи ребаланс на буџетот и да се пренасочат средствата во продуктивни цели.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG