Достапни линкови

Задоцнет дијалог?


Последната лидерска средба
Последната лидерска средба

Експертите сметаат дека подобро ќе беше да имаше интензивни дијалози кои ке донесеа до некаков компромис претходно а не сега кога ќе биде поголем притисокот врз владината колиција за отстапки од некои нејзините позиции.

По барањето на ДУИ и НД употребата на албанскиот јазик да биде регулирана и со Законот за Собранието, експертите не го кријат нездоволството од тоа што во последен момент политичките партии се обидуваат да постигнат консензус набрзина. Подобро ќе беше да имаше интензивни дијалози кои ќе донесеа до некаков компромис претходно а не сега кога ке биде поголем притисокот врз
Во ситуација кога треба да се донесе одлука со консензус на политичките субјекти, вие тоа не може да го одлагате до крај и тоа да го правите набрзина и под поголем притисок од сите политички субјекти. Некои закони се општо важни за државата, општеството и навистина е важно тие да се донесат со општо партиски консензус
владината колиција за отстапки од некои нејзините позиции вели Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики.

„Во ситуација кога треба да се донесе одлука со консензус на политичките субјекти, вие тоа не може да го одлагате до крај и тоа да го правите набрзина и под поголем притисок од сите политички субјекти. Некои закони се општо важни за државата, општеството и навистина е важно тие да се донесат со општо партиски консензус.“

До крајот на минатата недела во ДУИ тврдеа дека употребата на јазикот е уредена со законот кој беше донесен пред една година и оти е тоа добро решение но пратеничката група го смени ставот најавувајки подршка на амандманот на Нова Демокартија за допрецизирање на употребата како дел од законот за собранието. Пресвртот во веке постигната согласност за Законот за Собранието кој го предизвика промената на ставот на владечката ДУИ сепак не е неочекувана ситуација туку стандардна политичка историја која сме ја виделе и порано коментира Дасалковски

„НД се обидува да профитира и затоа е интересно што сега и ДУИ се приклонува кон позицијата на НД, а таа ја користи неповолната ситуација на владата, која за да ја протурка таа европска агенда и да добие позитивен сигнал од Европската Комисија, за да го добие тоа треба да се направат доста реформи, меѓу другото и реформи кои тангираат интереси на Албанците, па ете и тие ги промовираат сопстевните интереси во Законот за Собранието.“

Професот Јетон Шасивари има пониакво објаснување

„Целосно решение за албанскиот јазик не може да се очекува со Законот за Собрание. Тоа прашање и не мора сега да се реши, туку да се добијат цврсти гаранции дека во блиска иднина тоа прашање повторно ќе се отвори и ќе се реши.“

Според него погрешно е ова прашање да се сегментира преку уредување со дузина закони и инсистира оти треба да се реши со посебен специјален закон. Шефовите на пратеничките групи се договорија да формираат работни групи што ќе ја толкуваат употребата на албанскиот јазик и одредбите од Уставот. Законот за Собранието треба да биде донесен на 17 август во Собранието.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG