Достапни линкови

logo-print

Иран не треба да има нуклеарно оружје, - став на Кина и на САД


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Соединетите Држави и Кина се против тоа Иран да стане нуклеарна сила. По дводневните американско – кинески разговори во Вашингтон, Клинтон изрази задоволство што Кина, исто така, ја дели загриженоста од можноста Иран да произведе нуклеарно оружје. Американскиот секретар за финансии, Тимоти Гајтнер, пак, изјави дека Кина ветила соработка во напорите за заздравување на светската економија.
XS
SM
MD
LG