Достапни линкови

Во Собранието расправа за надлежностите на Народниот правобранител


Во Собранието на РМ денеска продолжува расправата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, во рамките на 68-та седница. Целта на предлог-законот е проширување на надлежностите на Народниот правобранител, изјави министерот за правда Михајло Маневски. Опозицијата, пак, смета дека со измените недоволно се разработени позициите на Народниот правобранител во делот тој во целост да ја добие улогата на национален превентивен механизам на сите ранливи категории и во начинот на неговото постапување, тоа да го прави по негово барање во сите области и во соработка со невладиниот сектор.
XS
SM
MD
LG