Достапни линкови

Иран забрани одржување на комеморација


Иранските власти им забранија на приврзаниците на опозицијата да одржат комеморативна церемонија во чест на загинатите во минатомесечните протести кои настанаа по претседателските избори во земјата. Иранското Министерство за внатрешни работи соопшти дека „не е издадена дозвола“ за марш или било каков јавен собир на поединци и членови на политички групи. Претставниците на иранската опозиција минатата недела побараа дозвола за одржување на комеморација за загинатите во протестите, тврдејки дека за време на собирот нема да има говори и обраќања.
XS
SM
MD
LG