Достапни линкови

Одрон на земјиштето во Прилеп


Прилеп

Прилеп

По уривањето на потпорните ѕидови изградени да ја спречат ерозијата во прилепската населба ,,Рил", граѓаните се излож3ни на опасност. Очевидци велат дека е голема среќа што нема човечки жртви, а експерти работат на санација на потпорните ѕидови

Стотина жители од прилепската населба „Рид„ во близина на скривниците се изложени на ризик, зашто се урнаа потпорните ѕидови кои се изградени токму да го штитат овој дел од градот од ерозија, предизвикана од обилни врнежи.
Првиот одрон се случил ноќе околу 22 часот и среќа велат жителите што ниту пешаци, ниту возила не минувале по двете улици.
.Постои опасност, а повеќе и страв е во околните куќи тука, зависи од одронот на земјиштето, зависи од временските услови колку ќе има дожд уште, може земјиштето и натаму да се лизга. Материјална штета е предизвика голема, човечки жрвти за среќа нема, а постоела опасност во моментот на срушување да биде, значи предизвикана
Граѓаните исплашени од силниот звук, притрчале на улица, а сликата била ужасна велат:

,,Дома си работев, ко излегов надвор,ко слушнав, брам, ко ќе отворам порта, ко ќе видам ѕидот паднат. Јас си мислев кај мене да не е ѕидот паднат, ама не, тоа надвор било. Врнеше и јас се исплашив,и одозгора луѓе се собраа полно. Гледаме сето ова паднало долу и после другото одма по него падна.Имаше луѓе, го потпираа, струјата ја исклучија и тоа е."

Со цел да спречат натамошни штети, бидејќи масовниот одрон се спуштил до куќите со опасност да повлече и други објекти, граѓаните први реагирале и се справувале со стихијата. А, веднаш потоа побарале помош од сите институции.

..Постои опасност, а повеќе и страв е во околните куќи тука, зависи од одронот на земјиштето, зависи од временските услови колку ќе има дожд уште, може земјиштето и натаму да се лизга. Материјална штета е предизвика голема, човечки жрвти за среќа нема, а постоела опасност во моментот на срушување да биде, значи предизвикана."

Вели Илко Петкоски, раководител на Центарот за управување со кризи.Од локалната самоуправа се преземаат интензивни мерки за решавање на проблемот.

Договорено е екипите од Институтот за геомеханика од Градежен факултет, кои веќе го работат проектот за санација на потпорните ѕидови и стартуваме со целосна санација, односно двата потпорни ѕида да се поврзат да делуваат како едно заедничко тело.

Вели Бранко Нешкоски. Тој истакнува дека ваква драстична појава и опасност за одрон на земјиштето нема на други делови од градот, освен Марковите Кули, но сепак тоа е ненаселен терен. Ваков одрон на земјиште во Прилеп не се памети.


  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG